Mercedes Vision One-Eleven е ѕвездата на автосаемот во Минхен

Mercedes Vision One-Eleven се појави на автосалонот во Минхен и им оддава почит на експерименталните автомобили C 111 од 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Mercedes речиси секогаш произведувал интересни автомобили, од кои некои беа револуционерни. Германската марка се обиде да ја оживее таа „магија“ со концептот Vision One-Eleven, кој има електричен погон. Користи нова батерија со цилиндрични ќелии со течно ладење со високи перформанси и исклучително моќен и високо ефикасен мотор. Спецификациите, сепак, не се откриени.

Дизајнот на концептот е инспириран од ретро стилот, кој се рефлектира во елегантната каросерија во крилестите врати. Пикселираната маска ги толкува карактеристиките на C 111 околу светлата во дигитализирана форма и може да прикажува пораки до другите учесници во сообраќајот.

Дел од автомобилот се агресивните прагови на вратите и масивните бандажи, додека одзади има нагласен заден дифузор и дигитален екран кој е сличен на предниот.

Внатрешноста е помалку „обична“, но Mercedes вели дека „ја одразува промената на парадигмата од спортски автомобил во автономно електрично возило во сегментот на суперспортски автомобили и обединува две сосема различни состојби на постоење“. Како таков, автомобилот има режими lounge и race.

Внатре има екран со пиксели што му дава на концептот амбиент на подземна станица. Има алуминиумски детали и светло портокалова кожа, додека белата ткаенина е изработена од 100% рециклиран полиестер.

Тагови
реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Концепти

G класата на Mansory ќе ги плаши децата за Halloween

Read more

Рестомодот Porsche 911 од серијата 964 чини 1,14 милиони евра

Read more

Volkhart V2 Sagitta од 1947: Побрз од куршум и поаеродинамичен од Golf 7

Read more

Розев BMW M4 Competition доаѓа од работилницата на DarwinPRO Aerodynamics

Read more
 

Автомобили

  • play_arrow
  • filter

Се гради друмско чудовиште побрзо од модерната Формула 1

Читај повеќе

Porsche наводно тестира хибриден V4 на моделот 911

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа колекција автомобили вредна над 100 милиони долари?

Читај повеќе

Volkswagen наместо откази дели решенија за предвремена пензија

Читај повеќе

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Mercedes има ново спортско купе: Дебитираше CLE 53

Читај повеќе

Dacia Duster не се откажува од моторите со внатрешно согорување

Читај повеќе

Првиот електричен автомобил на Xiaomi влезе во производство

Читај повеќе
  • play_arrow

Жената без која Mercedes каков што го знаеме немаше да постои

Читај повеќе