Месечевата прашина сепак оди на аукција и покрај противењето на НАСА

Оние кои отсекогаш сакале да поседуваат сувенир од вселената, сега конечно имаат шанса за тоа.

Примероци прашина што од Месечината ги собрал славниот Нил Армстронг за време на мисијата Apollo 11 ќе се продаваат на аукција на Bonhams на 13 април.

Конкуренцијата на аукцијата ќе биде жестока, а се проценува дека Месечевата прашина би можело да достигне цена и до 1,2 милиони долари.

Сепак, оваа прашина има „правна историја“, а НАСА наводно не знае кога изгубила „трага“ на локацијата на прашината. Во 2002 година, прашината се најде во сопственост на со-основачот на музеј во Канзас, Макс Ари, кој беше осуден за продажба на украдени артефакти. Месечевата прашина беше продадена во 2015 година на сегашната сопственичка Ненси Ли Карлсон, која ја платила само 995 долари.

Кога ја испратила прашината во НАСА на проверка, американската вселенска агенција одбила да ја врати, тврдејќи дека прашината му припаѓа на „американскиот народ“ и дека треба да биде изложена во јавен музеј. Во 2016 година, Карлсон ја тужеше НАСА поради заплена на имот и ја доби правната битка.

Месечевата прашина ја собра Нил Армстронг на 20 јули 1969 година, кога стана првиот човек кој стапнал на Месечината.

Повеќето примероци од почвата на Месечината се чуваат во седиштето на НАСА, некои се сè уште запечатени, додека други се отворени како подготовка за мисијата Artemis. На почетокот на овој месец, НАСА по 50 години отвори трезор со примероци од Месечината собрани од астронаутот на мисијата Аполо 17, Џин Сернан во 1972 година.

Месечевата прашина е складирана во вакумирани садови за идните генерации на научници да можат да користат нова технологија и да ја анализираат лунарната почва.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе