Меси веќе одлучи каде ќе игра следната сезона?

Лионел Меси минатото лето го шокираше светот со преселбата од Барселона во ПСЖ.

На 34 години, поради катастрофалната финансиска состојба во Барса го напушти клубот во кој беше 21 година, а во ПСЖ дојде повторно да биде клучен дел од најсилното напаѓачко трио.

Сепак, по половина година стана јасно дека Меси, Нејмар и Мбапе не се толку успешни како Меси, Нејмар и Суарез кои „владееја“ во Барселона. ПСЖ е секако лидер во Франција, но тоа се подразбира. Уште се чека да се види зошто беше доведен Меси и што чека ПСЖ откако клубот го напојуваат катарски милијарди. Тоа е освојување на Лигата на шампионите. ПСЖ беше елиминиран во првата нокаут рунда од Реал, иако во првиот натпревар победи со 1:0, а во вториот водеше со тој резултат.

Раната елиминација значеше дефинитивно заминување на Мбапе на крајот на сезоната и огорченост на навивачите на ПСЖ кон Меси, кој беше невидлив во двата натпревара со Реал. На првиот следен натпревар, против Бордо, веќе беше исвиркан на загревањето, а истото му се случуваше секојпат кога ја примаше топката.

Меси беше видно потресен од ова, бидејќи тоа никогаш не му се случило во кариерата, а неговиот говор на телото и изразот на лицето долго време покажуваат дека не се чувствува добро во ПСЖ. Тоа може да се види од неговите игри. Тој оваа сезона постигна само седум гола.

Италијанскиот новинар Матео Морето пишува дека Меси е несреќен во ПСЖ, но дека ќе го одработи договорот до крај, односно сезоната по оваа. Сепак, никој не спомнува што има во договорот на Меси со ПСЖ, односно дали има можност за продолжување на уште една, трета сезона. Морето тврди дека Меси веќе има планови за иднината што не го вклучуваат ПСЖ.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе