Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Бројот на сателити во земјината орбита брзо расте, а со тоа и опасноста од судир кој со верижна реакција би можел да предизвика голема штета на Земјата, поради што е потребен глобален „закон за сообраќај во вселената“, вели директорот на ЕСА, Јозеф Ашбахер.

Во орбитата на Земјата има 8.800 активни сателити, наведува Европската вселенска агенција (ЕСА). Тоа вклучува и големи „созвездија“ - цели „кластери“ на сателити кои имаат заедничка намена.

Една од задачите на тие „мегасателитски соѕвездија“ е, на пример, на целата планета да ѝ обезбедат широкопојасен интернет.

Најголемиот оператор, со повеќе од 5.000 сателити Starlink, е американската компанија SpaceX на милијардерот Илон Маск. Компанијата планира да го зголеми тој број на дури 42.000 сателити.

Ашбахер за германската агенција DPA изјави дека во интерес на сите сателитски оператори е да се избегнат судири, пренесоа германските медиуми.

Поради тоа ЕСА е во секојдневен контакт со сите за да се избегнат опасни ситуации и да се постигне договор за тоа кој има „право на првенство“ на рутите во орбитата.

„Меѓутоа, секој ден се приклучуваат нови актери“, вели Ашбахер.

Затоа, според него, потребна е сигурна правна „сообраќајна“ регулација во просторот, со што во секоја ситуација ќе биде јасно кој како треба да се однесува, а кој има првенство на минување.

Компаниите како One Web, SpaceX и многу други, на пример од Кина, планираат во наредните години да лансираат десетици илјади нови сателити, кои главно ќе бидат поевтини за производство и ќе тежат меѓу 150 и 2.000 килограми.

Затоа ЕСА си постави задача драстично да го ограничи постоењето на „ѓубре во орбитата“ до 2030 година. Според Ашбахер, секој лансиран сателит треба безбедно да се отстрани од орбитата на крајот од неговиот животен век.

Колку можат да бидат деструктивни деловите од старите сателити се покажа кога во 2007 година Кина со проектил уништи еден од искористени метеоролошки сателити во орбитата. Се создадоа 40.000 фрагменти поголеми од еден сантиметар, а сателитите на ЕСА мораа да маневрираат за да ги избегнат, бидејќи судир со толку мал, но многу брз објект може да предизвика голема штета.

Тагови
реклама

Три промени во компирот откриваат дека не е безбеден за јадење

Read more

Кафе на празен стомак - штетно или не?

Read more

Французинката која лажниот Бред Пит ја измами за 830.000 евра сега е бездомничка

Read more

Македонски навивач го плукнал селекторот на Холандија

Read more

Вести

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Read more

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Read more

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Read more

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Read more
 

Гик

Предизвик од милион долари за дешифрирање на писмото на една од најраните урбани заедници во светот

Читај повеќе

Пресвртница во медицината: Научниците открија како настанува Хантингтоновата болест

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракетата на Маск се распадна, урнатините го нарушија воздушниот сообраќај

Читај повеќе

Гренланд: Земја со 150 км патишта, 3 семафори и најчист воздух во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

НАСА испраќа мисија на Месечината со најнаучната опрема досега

Читај повеќе

Хоби кое доколку го претворите во бизнис би можеле да заработувате и до 92 евра на час

Читај повеќе

Јустинијан и најголемите навивачки немири во историјата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пет најчудни работи од CES 2025: Лажица додава сол во храната, јакна ги полни телефоните

Читај повеќе

Закерберг удри по Apple: Одамна не смислиле нешто одлично

Читај повеќе