Мицкоски: Да се додаде уште еден предлог кон Договорот со Бугарија оти францускиот беше репреговарање

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа причина кон Договорот за добрососедство со Бугарија да не се додаде уште еден предлог.

Мицкоски во таа насока појасни дека т.н. француски предлог од кој произлегоа уставните измени е всушност репреговарање на Договорот за добрососедство. Неговиот коментар следеше откако американската амбасадорка Енџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа рече дека преговори нема да има ниту за Преспа, ниту со Бугарија за ЕУ.

„Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој што е додаток на Договорот за добрососедство, односно репреговарање на Договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете, дека диктати и ултиматуми не прифаќаме, така што ако може Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. 'француски предлог', не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија“, рече Мицкоски.

Повтори дека не можеме да водиме политика на двојни стандарди. „Ако бараме промена во Уставот за неколку стотини наши сограѓани, кои за себе велат дека се дел од бугарската заедница, тогаш треба да видиме што станува со оние граѓани кај нашиот источен сосед, кои што велат дека се дел од македонската заедница“, рече Мицкоски.

„Никој не е против бугарската заедница, ние ги почитуваме тие неколку стотина наши сограѓани, кои велат дека се дел од бугарската заедница“, рече Мицкоски, „но бараме од претедателот на Бугарија да ги почитува малцинските и човековите права на македонската заедница таму“.

реклама

Голем неделен финансиски хороскоп за секој знак

Read more

Кога потењето е причина да побарате лекарска помош?

Read more

Од 7 јули сите нови автомобили мора да имаат систем за предупредување за брзина

Read more

Netflix го укинува популарниот план за претплата

Read more

Македонија

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Read more

Левица: Изјавите на амбасадорката Агелер го нарушуваат суверенитетот и претставуваат мешање во внатрешните работи на државата

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Со платите што досега беа за економските директори ќе се подобруваат здравствените услуги

Read more

СДСМ: Нема никогаш да ги прифатиме повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, не нѐ плашат ќорците на тројанскиот коњ Максим Димитриевски

Read more
 

Вести

WikiLeaks објави таен документ на израелското разузнавање

Читај повеќе

Свечено доделување на наградите „Антево слово 2024“ на 10 јули

Читај повеќе

Можно е зголемување на германската пензија за 110 евра

Читај повеќе

Издадено предупредување за силно невреме во Грција

Читај повеќе

Јапонија издаде нови банкноти со 3D холограм за да спречи фалсификување

Читај повеќе

Јаневска: Волшебно стапче да имаме до септември нема да можеме да обезбедиме учебници за VII одделение

Читај повеќе

Полицаец во Германија останал без работа бидејќи украл чедар од превртен камион

Читај повеќе

Јапонија конечно ги исфрли од употреба флопи дисковите од владините канцеларии

Читај повеќе

Дали Трамп може да ја заврши војната во Украна ако стане претседател на САД?

Читај повеќе