Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја откажа посетата на Општина Маврово и Ростуше, поради појава на симптоми на COVID-19 и добиен позитивен резултат на брз антигенски тест.
– Ве известуваме дека посетата и настанот на претседателот Христијан Мицкоски во Општина Маврово и Ростуше закажани за денеска во 17:45 се откажани. Причина за откажување е развивањето на симптоми од COVID-19 на претседателот на партијата Мицкоски, при што беше направен брз антигенски тест, каде што истиот беше позитивен, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека во текот на денот Мицкоски ќе биде тестиран со ПЦР тест за COVID-19.