Microsoft за пет минути изгуби 17 милијарди долари

Aкциите на Microsoft вчера забележаа пад на цените откако федералниот судија нареди привремено прекинување на договорот со ЈЕДИ што Пентагон го додели на компанијата минатата година.

Поради падот на цените на акциите, технолошкиот гигант изгуби 17 милијарди долари пазарна вредност за само 5 минути.

Пазарната вредност на Microsoft сега е околу 1,4 билиони долари, покажуваат податоците на Bloomberg.

Тоа е третата највредна фирма на светот, по Apple и Saudi Aramco, кои вредат 1,43 и 1,77 билиони долари.

Судот донесе одлука откако Amazon минатата недела поднесе барање до Министерството за одбрана да го суспендира договорот од 10 милијарди американски долари наречен Проект за заедничка одбранбена инфраструктура (ЈЕДИ).

Целта на проектот е да се изгради простор за чување и управување со чувствителни воени и одбранбени податоци.

Пентагон го додели овој проект на Microsoft, со што го исфрли Amazon кој важеше за фаворит. По загубата, Amazon се обиде да ја оспори одлуката, обвинувајќи го Пентагон за пристрасност, пренесува The Banker.

Судот донесе одлука за привремено прекинување на доделување на проектот сѐ додека не се расчисти правната битка за овој договор.

реклама

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Read more

Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Read more

Како паметно да одговорите на навреда?

Read more

Витаминот Д и коронавирусот - Вистинска или залудна надеж?

Read more

Вести

Јапонците направија паметна маска за лице

Read more

Јапонија развива уред за комуникација меѓу луѓето и животните

Read more

Тажна глетка: 103 тони ѓубре извлечени од океанот во една експедиција

Read more

Роботи на пареа ќе ја истражуваат Јупитеровата Европа

Read more

Гик

  • play_arrow

Microsoft објави кога ќе ги претстави новите игри за Xbox Series X

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Поглед во новиот смартфон Poco M2 Pro кој чини помалку од 200 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Колку често треба да го дезинфицирате мобилниот телефон?

Читај повеќе

Научници тврдат дека коронавирусот се пренесува преку воздух, од СЗО бараат промена на препораките

Читај повеќе
  • play_arrow

10 финти поради кои се навлекуваме на видеоигри

Читај повеќе

Истражување: Можно е мутираниот COVID-19 полесно да се пренесува помеѓу луѓето

Читај повеќе

Бил Гејтс: Facebook е виновен за брзото ширење на коронавирусот

Читај повеќе

Јапонците направија паметна маска за лице

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новиот Galaxy Note 20 Ultra?

Читај повеќе