Милевски: Македонија може да биде конкурентна само ако функционира како тим

Филип Здравески
/ 30.08.2023 / 12:45

Откако го објави списокот со повикани играчи за претстојните дуели со Италија и Малта, селекторот Благоја Милевски денеска одржа прес-конференција.

Фото: ФФМ

На истата веднаш објави за три откажувања: Радески, Чурлинов и Етеми, што значи дека списокот се намалу на 26 играчи.

„Тројца од списокот нема да бидат со нас, отпаѓа Марјан Радески, а исто така и Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација за настап, како и Ваљон Етеми, кој ја влече истата повреда од минатиот месец. Димитар Митровски и Ахмед Иљазовски добија дебитантски повик во националниот тим и ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата“.

Што се однесува на тоа дека на списокот има и играчи кои се без клуб, како Ашковски и Трајковски, Милевски рече:

„Александар Трајковски е во моментов без клуб, но тој е професионалец кого добро го познавам и изрази желба да биде дел од тимот. Физички е подготвен, но за сите играчи ќе направиме проценка околу нивната подготвеност и ќе одлучиме кој колкава минутажа ќе добие на двата натпревара“.

Македонија во септемвриските квалификации влегува по двете јунски разочарувања, поразот од Украина среде Скопје со 3:2 откако водевме 2:0, и понижувањето во Манчестер со 7:0 од Англија.

„Сакаме да покажеме дека Македонија е конкурентна и покрај проблемите со кои се соочуваме. Ќе го дадеме максимумот, момците ќе бидат подготвени за предизвикот и мислам дека атмосферата во нациналниот тим ќе биде добра и позитивна. Без разлика на резултатите, Македонија заслужува поддршка од трибините и се надевам дека стадионот ќе биде исполнет до последното место“.

„Македонија може да биде добра само ако функционира како тим и наша должност е сите да се ставиме во функција на тимот, само така може да се надеваме на успешни настапи. Факт е дека постојано, освен со Португалија, секогаш ни недостасувале витални играчи, но ростерот е тој, изборот е тој, тоа е реалноста. Не сме фудбалска велесила. Тоа што ни се случи со Англија е можеби и добро, за да се спуштиме на земја и да почнеме од доле, да градиме тимски дух и тим“, заврши селекторот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе