Милевски: Малта ја почитуваме, но сѐ ќе зависи од нас

Филип Здравески
/ 22.03.2023 / 20:35

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, на денешната официјална прес-конференција зборуваше за утрешниот почеток на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024.

Македонија доби почеток по мерка бидејќи стартува со, условно кажано, лесна задача дома против аутсајдерот Малта. Во групата се и Италија, Англија и Украина.

„Анализите кои ги правевме се од последните четири натпревари на Малта, но тоа не мора ништо да значи дека така ќе биде на следниот дуел, затоа што имаат нов селектор, но играчите се тие. Се работи за квалитетна репрезентација, со квалитетни индивидуални карактеристики на играчите. Имаме максимален респект кон противникот, но ќе нагласам, сето она што ќе се случува на натпреварот зависи во најголема мера од нас самите. Кога ги гледам момците како изгледаат, повеќе од уверен сум дека ќе тргнеме успешно во овие квалификации. Но, во денешниот фудбал фаворити не постојат, ќе мора да се вложиме максимално за успех“.

Селекторот се осврна и на разочарувачките игри во завршениот циклус Лига на нации каде Македонија заврши на третото место во групата зад Грузија и Бугарија, а успеа да слави победи само против аутсајдерот Гибралтар.

„Лигата на нации дојде после одлични мундијалски квалификации во кои првпат бевме втори, после два извонредни баражи за Светско првенство, па имавме проблеми со составот. Реалноста е таа, дека имаме 20 до 25 фудбалери кои се конкурентни, но за жал не ги имавме сите играчи на располагање. Додадовме 12 дебитанти на кои им треба време за аклиматизација на сѐ што се бара во националниот тим. И тие натпревари ги искористивме за да создадеме хемија помеѓу помладите и искусните, а од собир до собир изгледаме сѐ подобри како тим. Затоа не гледам причина зошто да не напредуваме. Тоа е главната цел, а имаме и противници кои се предизвик, ќе се потрудиме да одговориме на најдобар начин“, анализираше Милевски.

Ристовски: Ние сме во најтешката квалификациска група

Натпреварот Македонија - Малта се игра в четврток од 20:45 часот, а македонските фудбалери ќе истрчаат во новата гарнитура дресови.

реклама

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Read more

Во заедничка акција на македонската и грчката полиција запленет 161 кг кокаин во Солун

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Фудбал

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Read more

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Read more

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Read more

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Елмас доби специјален подарок од Наполи – Златното стапало на Марадона

Читај повеќе

Од понеделник во продажба билетите за Македонија - Украина

Читај повеќе

Алушовски го презеде кормилото на ГРК Охрид

Читај повеќе

Скандалозно исфрлен фоторепортер од Ролан Гарос

Читај повеќе
  • play_arrow

Рамос си заминува од ПСЖ, се прости со емотивна порака

Читај повеќе
  • play_arrow

Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Читај повеќе

Чави ги сака Кимих и Караско во Барселона

Читај повеќе

Бербатов: Дарко Панчев ми беше идол

Читај повеќе

Милевски: Во денешниот фудбал нема апсолутни аутсајдери

Читај повеќе