КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски објасни зошто ги изоставил Несторовски и Дориан, а го викнал Чурлинов

Филип Здравески
/ 04.10.2023 / 12:57

Селекторот Благоја Милевски на денешната прес-конференција го објави списокот на повикани играчи, но мораше да даде и објаснување за некои изненадувачки одлуки.

Фото: ФФМ

На списокот се најде и Дарко Чурлинов, кој од мај нема одиграно натпревар откако пет месеци се опоравуваше од сепса. Тој е закрепнат, веќе се врати на тренинзите, но неговиот Барнли воопшто не го пријави за натпреварите од Премиер лигата. Сепак е на списокот, а на истиот изоставени се напаѓачите Илија Несторовски од италијански Асколи и Дориан Бабунски од швајцарски Грасхоперс.

„Ова се фудбалерите кои беа и на претходниот собир. Сега со нас ќе биде и Дарко Чурлинов, кој заигра за тимот до 23 години на Барнли. Ме радува фактот што е подготвен да ѝ се приклучи на репрезентацијата. Жал ми е што Зајков нема да биде со нас, имаше оперативен зафат, ама се чувствува добро“, почна Милевски.

Селекторот го коментираше изоставувањето на Дориан Бабунски, кој игра стандардно во својот клуб, но не е во голгетерска форма и сѐ уште го чека својот првенец по пристигнувањето во Грасхоперс на крајот од летниот преоден рок.

„Разговарав со Дориан, тој не е на списокот, што не значи дека нема да биде за следните собири. Перформансот на Бабунски беше различен во клубот и тука. Јас кај сите гледам како изгледаат на собир и на тренинзите“, објасни тој.

Изненади и со неповикувањето на Илија Несторовски кој против Италија во Скопје доби подарок врамен дрес со број 50 по повод одиграните 50 натпревари во дресот со националните бои. Милевски не го стави во игра ниту со Италија, ниту пак потоа со Малта, а со оглед на тоа што сега не го ни викна, популарниот НестоГол ќе остане на тие 50 настапи.

„Разговарав и со Несторовски. Тој исто така не е повикан за овие натпревари од причина што сосема поинаква ни е тактичката замисла за двата натпревара. Несторовски има дадено многу за оваа репрезентација и покажуваме почит кон него со тоа што не праќаме покана колку само да биде овде, а без намера да го користиме“.

Воопшто не го коментираше новото изоставување на веројатно најдобриот македонски голман по Столе Димитриевски во моментов, Давид Митов Нилсон, кој брани во добра форма за Сириус во најдобрата лига на Шведска. На последните 7 натпревари трипати ја сочува мрежата незатресена.

„Не сме во криза со играчкиот кадар кој го имаме на располагање. Би кажал дека тоа е нашата реалност во моментов, иако сите би сакале да имаме 50-60 фудбалери на нивото на квалификациски циклус“.

Селекторот потврди дека против Украина ќе се оди на победа, бидејќи само тоа е опција за Македонија на завршницата на квалификациите во номеври да конкурира за првите две места кои водат на ЕУРО 2024 во Германија.

„Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера“, заврши Милевски.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе