КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Милевски повика 25 играчи за одлучувачкиот натпревар против Украина

Филип Здравески
/ 04.10.2023 / 11:04

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на повикани играчи за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на ЕУРО 2024 против Украина на гости, како и пријателската со Ерменија во Струмица.

Фото: ФФМ

По успешниот септемвриски прозорец Македонија сега ја чека одлучувачки натпревар против Украина, репрезентацијата која во јуни со голем пресврт ги однесе бодовите среде Скопје (од 2:0 направија 2:3). Резултатот од реваншот со Украинците ќе одреди дали Македонија ќе остане во игра за второто место во групата, или ќе ги загуби шансите за пласман на втор по ред континентален собир.

Селекторот Благоја Милевски по тој повод повика 25 играчи, меѓу кои бекот повратник Тодор Тодороски. Изненадувачки, на списокот ги нема напаѓачите Илија Несторовски и Дориан Бабунски, но го има Дарко Чурлинов кој Барнли воопшто не го пријави за играње во Премиер лигата и кој веќе 5 месеци се опоравува од болест.

Голмани:
Столе Димитриевски – Рајо Ваљекано (Шпанија)
Дамјан Шишковски – Докса (Кипар)
Игор Алексовски – Работнички

Одбрана:
Висар Муслиу – Падерборн (Германија)
Тодор Тодороски – Залаегерсег (Унгарија)
Никола Серафимов – Фехервар (Унгарија)
Јован Манев – Осијек (Хрватска)
Езѓан Алиоски – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димоски – Акрон (Русија)
Ахмед Иљазовски – Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски – Раднички (Србија)

Средина:
Енис Барди – Трабзонспор (Турција)
Елиф Елмас – Наполи (Италија)
Аријан Адеми – Динамо (Хрватска)
Јани Атанасов – Краковија (Полска)
Агон Елези – Вараждин (Хрватска)
Давид Бабунски – Мезековешд (Унгарија)
Исник Алими – Шепши (Романија)

Напад:
Бојан Миовски – Абердин (Шкотска)
Милан Ристовски – Спартак (Словачка)
Дарко Чурлинов – Барнли (Англија)
Ваљон Етеми – Истанбулспор (Турција)
Љупчо Дориев – Согдиана (Узбекистан)
Александар Трајковски – Хајдук (Хрватска)
Димитар Митровски – Вараждин (Хрватска)

Собирот на репрезентацијата е на 9-ти овој месец во хотелот „Хилтон“ во Скопје. Ќе се тренира во Скопје, а потоа репрезентацијата ќе замине за Прага, главниот град на Чешка, каде на 14-ти (сабота) од 15 часот ќе играме против Украина. Потоа на 17-ти (вторник) на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица репрезентацијата ќе одигра пријателска против Ерменија. И овој натпревар ќе биде со почеток во 15 часот.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе