КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Милевски: Романија за нас не е финале

Филип Здравески
/ 07.09.2021 / 13:14

Македонскиот селектор не смета дека утрешниот квалификациски натпревар против Романија ќе биде одлучувачки за нас во однос на пласманот во квалификациската група.

Селекторот на денешниот прес; Фото: Петр Стојановски / ФФМ

После двата нерешени натпревари на кои македонската фудбалска репрезентцаија беше подобра од своире противници Ерменија и Исланд, но не упеа да победи, сега на ред доаѓа пресдметка со Романијка, репрезентација која важи за втор фаворит во групата, после Германија.

Мотив плус за сите фудбалски вљубеници е тоа што овој натпревар ќче се игра на големиот државен празник 8 Септември, кога Републикава ќе прослави 30 години од своето осамостојување.

„Играчите не само што се мотивирани, туку веќе и го заборавивме Исланд. Мислите, концентрацијата и мотивот ни се насочени кон Романија. Нема никаков притисок, освен оној спортскиот. Големиот празник е само голем плус за нас. Романија е сериозен тим, составена од индивидуално квалитетни поединци. Не се плашиме од ниту еден нивен играч, туку сконцентрирани сме од нашата работа и како треба ние да изгледаме на теренот“, вели селекторот.

Со Романија веќе игравме, и тоа во 1. коло од квалификациите кога во март во Букурешт несреќно загубивме со 3:2 со гол пред самиот крај. Сега сме во ситуација кога после два кикса полека го губиме ритамот за тоа второ место и пласман во баражот, но селектор смета дека утрешниот натпревар нема да биде еден вид финале.

„Во поглед на првиот дуел во Романија, кога загубивме 3:2, мислам дека сега ситуацијата е сосема поинаква. Ние сме на почеток на нов проект, проект за иднината. Овој натпревар со Романија за нас не е финале бидејќи има уште доста натпревари до крајот. Сепак, резултатот може да го одлучи текот на квалификациите“, смета Милевски.

Натпреварот се игра утревечер од 20:45 часот на Националната Арена „Тоше Проески“ во Скопје. Картите се веќе во продажба по цена од 300 денари преку продажната мрежа на MKTickets како и онлајн.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе