Милевски: Со Ерменија шанса ќе добијат оние со помала минутажа

Филип Здравески
/ 16.10.2023 / 14:55

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација најави дека на утрешната пријателска во Струмица шанса да го покажат својот потенцијал ќе им даде на фудбалерите кои досега не добија многу можност да играат во квалификациите.

Фото: Игор Паневски/ФФМ

Попладнево во Струмица селекторот Благоја Милевски одржа прес-конференција по повод утрешната пријателска.

„За натпреварот против Ерменија ќе им дадеме шанса на фудбалерите во составот кои треба да го потврдат потенцијалот во репрезентацијата. После исцрпувачкиот дуел во Прага ќе видиме колку фудбалерите чувствуваат физички замор. Нема повредени и пред натпреварот ќе одлучиме кој ќе започне“, најави Милевски.

Тоа е добра одлука на селекторот, бидејќи пријателските натпревари служат токму за тоа, да се проверат сите повикани кои претходно не добиле, или добиле многу малку шанса, да покажат дали заслужуваат повик.

„Контролниот дуел против Ерменија, која е квалитетна селекција и одигра одлични квалификации, е одлична можност за сите нас да го провериме потенцијалот со кој располагаме. Шанса ќе добијат сите, но ќе одлучиме за минутажата на фудбалерите“.

Такви играчи се: третиот голман Игор Алексовски, кој сѐ уште нема настапено на официјален натпревар (бранеше против Саудиска Арабија лани, но тој натпревар беше ФИФА неофицијален), потоа латералните бекови Ахмед Иљазовски и Тодор Тодороски, играчот од средината Исник Алими, креативецот Давид Бабунски, како и напаѓачите Димитар Митровски, Ердон Даци и Ваљон Етеми.

„Оваа селекција секогаш оди на победа, така ќе биде и утре против Ерменија“, заврши селекторот.

Бидејќи во квалификациската група има непарен број на репрезентации, секое коло една е слободна. Во ова коло тоа е нашата Македонија, па слободниот термин ќе се искористи за пријателска против Ерменија закажана за утре (вторник) од 15:00 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмицца.

Билетите по цена од 200 денари се во продажба во градот под Беласица и тоа во салата „Парк“, ЛитератураМК и Т.А. „Сафари“.

Инаку, ова ќе биде дури 13-та пресметка помеѓу двете репрезентации. Ерменија е противник со кој Македонија има одиграно најмногу пати во историјата. Засега билансот е 5 наши победи, 4 за Ерменците и 3 нерешени, а гол-разликата 20:17 е во наша корист.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе