Милиони луѓе ширум светот соочени со нови рестрикции

Б.С.Б.
/ 15.07.2020 / 17:49

Додека расте бројот на заразени со коронавирус низ светот, милиони луѓе се соочени со нови рестрикции.

Владите на повеќе земји повторно воведоа мерки за ограничување на новиот бран на ширење на коронавирусот, додека бројот на заразени е над 13,2 милиони. Повеќе од 576.000 луѓе починаа од последици на COVID-19.

Некои земји, кои претходно успешно се справија со епидемијата, сега повторно воведуваат рестрикции поради зголемениот број на заразени.

Хонгконг повторно ги затвори кафулињата, теретаните и салоните за убавина. Забрани собири за повеќе од четири лица. Многу жители на Хонгконг доброволно носеа заштитни маски, а сега тие станаа обврска кога станува збор јавниот превоз.

Индиската држава Бихар, со 125 милиони жители, прогласи 15-дневен карантин кој почнува од утре.

Австралиските власти повикаа на одржување социјална дистанца, додека околу 5 милиони жители на Мелбурн уште од минатата недела се во изолација од остатокот од земјата за да се запре заразата во тој дел.

САД се најпогодена земја. Секојдневно има десетици илјади новозаразени, а државните и локалните власти повторно воведуваат мерки кои претходно беа укинати.

Американците имаат надеж во најавата на компанијата Moderna за вакцина против COVID-19. Станува збор за трета, клучна фаза во испитувања на вакцината mRNA-1273. Американската влада во овој проект вложи скоро половина милијарда долари.

Завршните клинички испитувања ќе се спроведат на 87 локации во САД и ќе бидат вклучени 30.000 возрасни луѓе кои имаат големи шанси да се заразат со вирусот. Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 сојузни држави.

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи првите резултати од вакцината ги смета за охрабрувачки.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе