НБА тимот Милвоки Бакс ќе мора да го започне претстојниот плеј-оф без својот најдобар играч Јанис Адетокунбо.

Грчкиот кошаркар, двократен МВП на лигата, се опоравува од повредата на потколеницата на левата нога, пишува ESPN.
Адетокунбо е на интензивна терапија и извесно е дека ќе се врати во подоцнежната фаза од плеј-офот, можеби и во првото коло.
Во него, Милвоки игра против Индијана Пејсерс, многу добар тим предводен од најдобриот асистент во лигата Тајрис Халибартон и Паскал Сиакам.
Адетокунбо (29) со години е најдобар играч на Бакс, што ги доведе до шампионската титула во 2021 година.
Сезонава одигра 73 натпревари, постигнувајќи 30 поени со 11 скока и шест асистенции во просек.
Милвоки заврши на третото место во регуларниот дел од сезоната.