Минимален број на патници на Граничниот премин Делчево/Станке Лисичково

Преку преминот „Делчево/Станке Лисичково“ на границата кон Бугарија од синоќа во 19 часот до утрово до 7 часот во земјава влегле само двајца граѓани. Како што соопшти Регионалниот центар за гранични работи - Исток, на овој граничен премин не се забележани поголеми групи граѓани од Бугарија кои би присуствувале на одбележувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, потенцирајќи дека од 6 до 8 часот утрово ниту еден бугарски државјанин не ја поминал границата.

Во моментот како што информира дописникот на МИА, само две возила со бугарски регистарски таблички во кои се наоѓаат државјани на Бугарија чекаат за влез во земјава.

– Тргнати сме за Делчево, имам закажано на заболекар, не ме интересира тоа за Гоце Делчев, тргнат сум по работа, вели еден од анкетираните.

– Ние сме Бугари, ама преку ден сме во Македонија, скоро 20 години поминуваме тука, си земаме јадење. На граница слободно минуваме без проблем, а тоа другото е политичка работа, ние сме тргнати да завршиме работа, вели друг граѓанин на Бугарија.

Во Делчево за денеска во 10 часот е најавено положување цвеќе пред споменикот на патронот Гоце Делчев, каде од претходно од Општина Делчево најавија дека не се најавени гости од други држави.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе