Мисија на Уран е следна цел на вселенските истражувања

Еден од приоритетите на научниците во истражувањето на вселената е мисијата до Уран.

Досега, сонди испратени од Земјата ги „посетиле“ Марс, Венера, Сатурн, Јупитер и неговите месечини и Меркур, а Уран е запоставен. Сепак, научниците сакаат да го променат тоа, така што оваа планета стана еден од приоритетите за планетарната наука и астробиологијата.

Планот е сондата да се испрати на повеќегодишна орбитална обиколка околу Уран за да ја истражи неговата атмосфера. Оваа мисија би обезбедила исклучително важни информации за ледените џинови, а особено за Уран и неговите месечини.

Уран е неистражен леден џин, а вселенското летало на НАСА Voyager 2 само го прелета во 1986 година, на оддалеченост од околу 81.593 километри.

Иако летот беше краток, Voyager 2 успеа да открие некои тајни на Уран вклучувајќи го и фактот дека има неколку месечини. Сепак, нова мисија би го открила точниот состав на Уран, а бидејќи научниците претпоставуваат дека главно се состои од водород, хелиум, мраз и карпи, би можеле да научат многу за природата на нашиот Сончев Систем.

Планетите надвор од нашиот Сончев Систем се во голема мера ледени џинови, исто како Нептун и Уран, за кои се смета дека содржат поголеми карпести јадра и потешки елементи од водородот и хелиумот, кои се присутни во поголемите гасни џинови како Јупитер и Сатурн.

Можноста за лансирање на вселенско летало или сонда е 2031 и 2032 година, соодветно, со цел да се искористи „гравитациската прашка“ околу Јупитер и да се скрати неговиот пат до Уран на „само“ 13 години.

Уран бил откриен од Сер Вилијам Хершел во 1781 година, а неговото просечно растојание од Сонцето е 3 милијарди километри. Патот околу Сонцето се вкрстува еднаш во 84 земјини години и е четирипати поголем по дијаметар од нашата планета. Во атмосферата на Уран доминираат водород и хелиум, а оваа планета има најмалку 13 прстени и бројни месечини.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе