Многу земји воведуваат строги мерки мерки, ова се дел од најрестриктивните

Б.С.Б.
/ 14.10.2020 / 14:38

Европа се соочува со брз раст на бројот на заразени со SARS-CoV-2 поради што некои влади воведоа порестриктивни мерки.

Забранети венчавки, крштенки, задолжително носење маски се само дел од рестриктивните мерки воведени во некои земји.

Романија

Владата во Романија воведе нови ограничувања за да го спречи ширењето на вирусот, прогласена е вонредна состојба до средина на ноември. Во изминатите денови во Романија имаше повеќе од 3.000 заразени дневно, а од почетокот на пандемијата регистрирани се 160.461 случај.

Од 15 октомври ќе бидат забранети настани како венчавки и крштенки, носењето маски на отворено е задолжително во градовите. Засега, луѓето носат задолжително маска во јавниот превоз, јавните институции и продавниците

Отворањето на театри, кина и ресторани кои немаат тераса ќе зависи од бројот на заразени од град во град.

Германија

Во оваа земја се забележани повеќе од 5.000 заболени дневно, покажуваат податоците на Институтот Роберт Кох. Во среда се забележани 5.132 нови случаи, а ден претходно 4.122. Сојузните покраини минатата недела забранија хотелите да примаат гости кои доаѓаат од германски подрачја означени како ризични зони.

Забраната може да се избегне во случај на негативен тест кој не смее да биде постар од 48 часа. Таа мерка е на сила во Баварска, еден од најатрактивните туристички региони.

Чешка

Во вторникот се потврдени 8.325 нови случаи на коронавирус, што е вториот најголем дневен пораст од почетокот на пандемијата. Властите воведоа делумен карантин, затворени се училиштата, баровите и клубовите. Рестораните исто така ќе бидат затворени, забранета е јавна консумација на алкохол.

Холандија

Земјата воведе делумен карантин, маските се задолжителни во јавните затворени простори. Затворени се кафулињата и баровите, забрането е продажба и точење алкохол по 20 часот.

Училиштата ќе останат отворени, а јавниот превоз во функција.

Франција

Пополнети се 90 проценти од капацитетите во болниците на одделенијата за интензивна нега. Се очекува претседателот Емануел Макрон да ги објави новите рестрикции.

Италија

Забранети се училишните патувања и аматерските контактни спортови, како и играњето фудбал по парковите. Забранети се приватни забави, бројот на гости е ограничен на 6 присутни луѓе.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе