Мнозинството Финци се против да се чека Шведска за заеднички влез во НАТО

Мнозинството Финци се за влез на нивната земја во НАТО без да се чека Шведска, која во моментов е блокирана од Турција, покажуваат резултатите од најновата анкета објавени денес.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во неделата за првпат стави до знаење дека турскиот парламент може да го ратификува пристапниот договор на Финска, но не и на Шведска, иако тие заедно го започнаа процесот на пристапување.

Анкетата на институтот Талоустуткимус објавена во финскиот дневен весник Ilta-Sanomatu покажува дека 53 отсто од испитаниците сметаат дека Финска не треба да „ја чека Шведска“ доколку процесот на ратификација на нејзиното членство трае подолго поради, на пример, противењето на Турција.

Само 28 отсто сметаат дека земјата треба да ја чека Шведска за да влезат во воениот сојуз заедно, покажува анкетата спроведена помеѓу 30 јануари и 1 февруари, а во која учествувале1.021 државјанин на Финска.

Двете земји поднесоа заедничка кандидатура за членство во НАТО во мај 2022 година како одговор на руската инвазија на Украина.

Кандидатурата на Шведска и Финска, која треба да ја одобрат сите земји-членки на Алијансата, моментално е блокирана од Турција, која има забелешки дека Шведска не екстрадирала на Анкара десетици осомничени за врски со курдските „терористички“ групи и неуспешниот обид за државен удар во 2016 година.

Тагови
реклама

Свет

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе