Поранешниот прв светски рекет Амели Морезмо повика на завршување на сезоната 2020, запрена поради коронавирусот.
– Мислам дека е време да се повлече линија под сезоната. Во меѓународните турнири се вклучени играчи од различни националности, како и вработени и гледачи од целиот свет. Без нив не може да има турнири. Затоа, нема вакцина - нема тенис“, изјави Морезмо.
На прашањето „Без вакцина - нема живот?“, француската тенисерка одговори:
– Во моментов, тоа е така.
Морезмо беше првата жена која стана тренер на водечки тенисер на АТП ранг листата, а тоа беше Енди Мареј.