Morgan Stanley: Русија може да банкротира веќе на 15 април

Инвестициската банка Morgan Stanley соопшти дека падот на цените на обврзниците, зголемената рецесија во земјата и воведувањето санкции ја намалуваат веројатноста дека Русија ќе може да го исплати надворешниот долг.

„Веруваме дека најверојатното сценарио е Русија да не може да ги исполни своите обврски“, напиша вчера Симон Вејвер, глобален шеф на кредитна стратегија за пазарите во развој, според Bloomberg.

„Во случај на непочитување, ситуацијата во таа земја би можела да биде слична на онаа во Венецуела“, додаде тој.

„Веќе на 15 април Русија би можела да се најде во ситуација да не може да го исплати својот надворешен долг, што би било крај на 30-дневниот период за исплати што руската влада ги должи на обврзниците во долари кои доспеваат во 2023 и 2043 година“,  рече Вејвер.

Според податоците собрани од Bloomberg, индикативните цени покажуваат дека инвеститорите ги проценуваат обврзниците од 2023 година на околу 29 центи за американски долар, што е најниската цена досега. Во деновите пред Русија да ја нападне Украина, долгот се тргуваше над номиналната вредност.

Иако ретко се случува државниот долг да падне на едноцифрен број, Morgan Stanley верува дека руските обврзници „би можеле да се доближат до тоа“. Либан и Венецуела се единствените неодамнешни примери за толку низок пад на долгот на една земја.

Morgan Stanley смета дека Русија можеби нема да може да го плати надворешниот долг поради санкциите наметнати од САД и ЕУ. Неизвесно е и дали на американските банки ќе им биде дозволено да примаат плаќања од руското Министерство за финансии.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Бизнис

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе