Мрачната приказна за Дијана и Чарлс се открива во новата сезона на „The Crown“

Netflix ни ја заскокотка фантазијата во почетокот на месецов кога откри детали од снимањето на четвртата сезона на серијата „The Crown“.

Сега пристигна и долгоочекуваниот трејлер кој ја најавува премиерата на новата сезона, закажана за 15 ноември.

Заплетот за четвртата сезона „The Crown“ почнува кон крајот на 70-тите години на минатиот век. Кралицата Елизабета Втора (Оливија Колман) и нејзиното семејство се преокупирани со наоѓање невеста за принцот Чарлс (Џош О’Конор), кој сè уште не е оженет на 30-годишна возраст.

Во исто време, Велика Британија ја доби својата прва премиерка, Маргарет Тачер (Џилијан Андерсон), чиј однос со кралицата беше полн со тензии, особено за време на војната меѓу Велика Британија и Аргентина околу Фокландските Острови.

Иако романсата на Чарлс со младата лејди Дијана Спенсер (Ема Корин) им даде на луѓето своевидна бајка која им беше потребна во тоа време на криза, растеше раздорот во самото кралско семејство.

Првите три сезони на „The Crown“ се веќе достапни на стриминг платформата Netflix. Петтата сезона ќе ја има својата премиера во 2022 година. Веќе се знае дека австралиската актерка Елизабет Дебики ќе ја преземе улогата на Дијана, принцезата од Велс, во финалните две сезони на хит серијата на Netflix.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе