Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Лука Модриќ е под договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и прашање е дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замине на некоја егзотична дестинација.

Капитенот на хрватската репрезентација во летниот преоден рок одби милионска понуда од Саудиска Арабија, се претпоставува дека следното лето ќе добие слична понуда.

Според шпанските медуми, Модриќ може да изненади со изборот на наредниот клуб. Наводно тој ќе им стане соиграч на некогаш големите ривали од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами.

Како што пишува Mundo Deportivo, веројатно Луис Суарес ќе пристигне во Мајами во јануарскиот преоден рок.

„Прашање е дали Лука Модриќ ќе го стори истото на крајот од сезоната. Желбата на Бекам е да го додаде во тимот добитникот на Златната топка од Реал, кој нема минутажа што би ја сакал под водство на Карло Анчелоти и кој би можел да размисли да отпатува во Мајами за да игра покрај Меси“.

Во текстот понатаму се открива што може да го оневозможи трансферот на Модриќ.

„Проблем би можело да биде ограничувањето на платите. Меси, Алба, Бускетс и Суарес со своите примања би пополниле 40 отсто од дозволената сума за исплата на плати. Можеби тоа не е реална опција, но ќе се видиме дали е остварлива. Засега е сигурно доаѓањето на Суарес“, пишува Mundo Deportivo.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе