Мурињо: Фудбал на вештачка трева не е фудбал, тоа е друг спорт

Тренерот на Рома воочи вечерашното гостување во Хелсинки во рамките на 5. коло од Лига Европа се осврна на подлогата на која треба да играат неговите избраници.

„Против Хелсинки го имаме истиот проблем каков што имавме против Боде/Глимт, бидејќи и двата играат на вештачка трева. Играњето на вештачка трева не е фудбал, туку некој друг спорт. Ни треба победа, нема да биде лесно. Не дојдовме овде на излет“, рече Жозе Мурињо.

По четири одиграни кола Рома е само трета во Ц групата со 4 бода, прв е Реал Бетис со 10, втор Лудогорец со 7, а последен токму нивниот денешен противник - ХЈК со само 1 освоен бод.

„На колегите во Рим им реков дека станува збор за добро организирана екипа. Овде се има случено револуција. Порано имаа само добри поединци, а сега имаат и добри екипи. Сакаме да останеме во ова натпреварување, не сакаме да ја браниме титулата во Конференциската лига, туку да продолжиме во Лига Европа“, додаде португалскиот стратег алудирајќи на тоа дека ако Рома заврши трета ќе се пресели во пониското натпреварување, кое лани го освои.

Натпреварот помеѓу ХЈК и Рома се игра вечерва од 21 часот на „Болт Арена“ стадионот во главниот град на Финска. Во првиоот дуел во септември во Рим тимот на Мурињо славеше со убедливи 3:0.

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Фудбал

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Read more

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе