СЕРИЈА А 2023/2024

Мурињо: Среќен сум за Лукаку, жал ми е за Емполи

Португалскиот стратег по синоќешната огромна победа од 7:0 на неговата Рома против Емполи беше задоволен од она што го виде, а беше особено среќен за првиот гол на новото засилување Ромелу Лукаку.

И на победа од 7:0 не најде начин да се насмее и да остане смирен, пишува La Gazzetta dello Sport.

„Сите одиграа добро, дури и да не завршеше 7:0. Жал ми е за Емполи, но овие работи се случуваат. Игравме за да победиме мирно, играјќи добар натпревар дури и со подеми и падови од физичка гледна точка. Сè уште има по некој што не е во состојба да одигра 90 минути со висок интензитет“, вели Португалецот.

Голот на Лукаку, прв во дресот на Рома, е главна вест на Чизмата покрај високата победа. Прв за него во вториот настѕап за Рома, нои ова му беше прв натпревар како стартер со оглед на тоа што пред репрезентативната пауза влезе од клупата против Милан и одигра 17 минути.

„За мене немаше да биде проблем доколку не дадеше гол. За него излезе супер што погоди и си замина среќен, но откако дојде тука мислеше само на тимот. Допрва треба да научиме да играме со него, а тој со нас, ни треба време за да се подобриме. Среќен е што е тука, сака да победува и мислам дека Интер нема причина да биде лут со оглед на тоа што го доби дербито со 5:1. Треба да бидат среќни за нивниот поранешен тренер на кој му требаше Лукаку“, на шега вели Мурињо.

Беше прашан и за Леандро Паредес, кој летово дојде од ПСЖ и настапи на сите 4 натпревари во Серија А сезонава, но ниту еднаш не одигра 90 минути.

„Паредес? Тој исто така мора да го подобри својот интензитет и да вложи минути, тој е извонреден со топката, но мора да ги разбере нашите дефанзивни движења. Сега следната цел е да победиме во четврток. Актуелниот тим? Мора да управуваме со нашите сили, но има натпревари на кои ќе биде тешко. Дефинитивно ќе направиме некои промени“, заклучи тренерот на „Волчицата“.

Рома го понижи Емполи со 7:0 со головите на Пауло Дибала од пенал во 2. минута и потоа во 55-тата, Ренату Саншеш погоди во 8. минута, во 35-тата Алберто Граси си постигна автогол, Брајан Кристанте и Лукаку во 80-тата и 82. минута набрзина постигнаа два гола, а точка стави Џанлука Манчини во 86. минута.

Remote video URL

Ова беше прва победа за Рома сезонава откако претходно запиша реми и два пораза. Со само 4 бода е во втората половина од табелата - на 12. место. Емполи, пак, е закован на дното без бодови и без постигнат гол.

реклама

Што треба да правите секој ден за да го стопите салото на стомакот?

Read more

Бектеши објави кои маркети се затворени оти не ги намалиле цените

Read more

Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Read more

Пијалаци што не треба да ги пиете ако имате висок крвен притисок

Read more

Фудбал

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Read more

Интервју по натпревар

Read more

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Read more

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Реал вината за дерби поразот ја најде во судиите

Читај повеќе
  • play_arrow

Интервју по натпревар

Читај повеќе

Леау: Саудиските пари? Борбата во Лигата на шампиони вреди повеќе!

Читај повеќе

За кој клуб навива УФЦ шампионот Алекс Волкановски?

Читај повеќе
  • play_arrow

Анчелоти самокритичен: Поразот од Атлетико е само моја вина

Читај повеќе
  • play_arrow

Џанг спектакуларно го нокаутира Џојс

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо во арапска носија изведе бедуински танц со меч

Читај повеќе

Mundo Deportivo: Модриќ наскоро ќе биде во тимот на Меси

Читај повеќе

Томас Милер има 100 победи во ЛШ

Читај повеќе