Мурињо во автобус ќе го гледа дербито Интер - Рома

Интер и Рома в недела од 18 часот на Сан Сиро ќе го одиграат дербито од 10. коло во Серија А.

Интер во игра влегува како водечки тим во лигата со бод повеќе од Милан, додека Рома е само на седмото место, осум бода заостанување. Покрај тоа, Римјаните во недела ќе останат без Жозе Мурињо.

Тренерот на Рома доби црвен картон во последното коло против Монца (1:0), кога длабоко во судиското надополнување го испровоцира гостинскиот тренер. Поради исклучувањето, тој не може да биде на клупата на еден натпревар, но Португалецот нема да биде ниту на трибините на Сан Сиро, пишува Gazzetta dello Sport.

Тоа не е прв црвен картон за Мурињо во Рома и веќе има искуство да го гледа натпреварот од други локации. Кога Рома игра дома, а Мурињо има црвен картон, тој го гледа натпреварот од трибини или дури и со медиумите. Меѓутоа, кога се во прашање натпреварите на гости, практиката е поинаква.

Мурињо беше исклучен и пред минатосезонското дерби со Интер на Сан Сиро. Тој за време на натпреварот не бил на стадионот, но го следел натпреварот во клупскиот автобус пред соблекувалните, а Gazzetta пишува дека така ќе биде и во недела. Мурињо ќе добиеше топло добредојде на Сан Сиро бидејќи ја освои тројната круна со Интер во 2010 година, но реши да не присуствува на натпреварот.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Read more
 

Спорт

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе

Дали Англичаните ќе донесат историска одлука за укинување на ВАР?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе