На големо растојание од Јупитер се откриени 12 нови месечини

Меркур и Венера немаат свои месечини, Земјата има 1, Марс има 2, Нептун има 14, а Уран има 27. Според најновите истражувања Јупитер има 92, дури 9 повеќе од Сатурн.

Јупитер е планета составена претежно од водород и хелиум, без дефинирана внатрешна површина. Се верува дека тоа е најголемото небесно тело во Сончевиот Систем, со маса до два и пол пати поголема од сите други планети заедно. Покрај тоа, таа е позната и по своите месечини, а само во последните две години тимот предводен од Скот Шепард од Институтот Карнеги откри 12 нови и досега непознати.

Месечини со мали димензии

Како што веќе споменавме, Скот Шепард и неговиот тим интензивно работеа во претходните години на проучување на Јупитер и објектите во неговата близина. Со текот на времето, тие сфатија дека околу него има уште 12 мали природни сателити, од кои повеќето се со дијаметар од 1 до 3 километри, додека пет од нив се поголеми од 8 километри во дијаметар и за кои се верува дека настанале од судир на астероид и јупитеровите поголеми месечини.

Исто така, потврдено е дека сите новооткриени месечини орбитираат околу Јупитер на голема далечина, за што им требаат повеќе од 340 земјини денови за да се заврши една орбита. Но, тоа не е крајот на необичните откритија, бидејќи, како што тврдат научниците, тие имаат - ретроградни орбити. Со други зборови, овие природни сателити се вртат околу Јупитер во спротивна насока од неговата ротација.

URL

Ако се земе предвид дека досега едно од најинтересните небесни тела во космосот е токму јупитеровата месечина Европа, бидејќи се верува дека под нејзината ледена површина лежи подземен океан од вода - тогаш не е чудно што научниците се особено заинтересирани за проучување на новооткриените, за кои веруваат дека ќе имаат повеќе податоци по мисијата планирана за 2024 година со сондата Jupiter Icy Moons Explorer, или JUICE, односно во превод Истражувач на јупитеровите ледени месечини.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе