На локалните избори во Штип право на глас имаат 41.777, а во Пласница 4.954 гласачи

Државната изборна комисија (ДИК) го заклучи Избирачкиот список за изборите за градоначалник што на 13 декември треба да се одржат во Штип и во Пласница. Во Штип право на глас имаат 41.777 гласачи, додека во Пласница 4.954 гласачи.

– По промените кои се направени ДИК го заклучува Избирачкиот список со следбава состојба: за градоначалник на Општина Штип вкупен број на запишани избирачи во Избирачкиот список има 41.777, од нив во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип се запишани 39.605 гласача, во посебниот избирачки список што се однесува на лиџа кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор се запишани 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи, изјави потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Во Пласница право на глас имаат 4.954 гласачи, од нив во странство се запипани 372 и еден гласач е во затвор или притвор.

ДИК на седницата го усвои Упатството за гласање на избирачки места со помалку од 10 гласачи. Од вкупно 89 избирачки места во Штип и Пласница во четири избирачки места има помалку од 10 избирачи. Овие лица ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место.

Утре почнува изборната кампања за локалните избори во Штип и Пласница, што треба да се одржат во најспецифични услови досега имајќи ја предвид состојбата со COVID-19. Изборите се на 13 декември, а два дена претходно треба да гласаат лицата позитивни на COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе