На нашето здравје влијаат гени стари 34.000 години

Опсежна меѓународна студија покажа дека нашето здравје е под влијание на 34.000 години стари гени, а резултатите од ова истражување се објавени во научното списание Nature.

Истражувачкиот тим се состоел од 175 научници од 22 земји, кои се одговорни за најголемата светска база на податоци за човечка ДНК. За да го направат тоа, ги анализирале коските и забите на речиси 5.000 скелети кои датираат од каменото до бронзеното време, од викиншкото време до средниот век.

Ризик од мултиплекс склероза

Еден од заклучоците е дека зголемениот ризик од мултиплекс склероза во Северозападна Европа може да се припише на сточарите кои дошле од исток пред 5.000 години. Всушност, одредени гени кои го зголемуваат ризикот од мултиплекс склероза биле во телото на луѓето Јамнаја кои мигрирале од делови на Украина, Југозападна Русија и Западен Казахстан во северозападните делови на Европа.

Меѓутоа, научниците претпоставуваат дека токму овие гени се одговорни за тоа што овчарите можеле да преживеат. Најверојатно ги заштитиле од инфекцијата што ја имале нивните овци и говеда.

„Овие резултати од истражувањето се зачудувачки. Тие претставуваат огромен напредок во нашето разбирање за еволуцијата на мултиплекс склерозата и другите автоимуни болести“, вели Вилијам Бари од Универзитетот во Кембриџ.

Разлика во висината

Според ова истражување, разликата во висината на луѓето од северозападниот дел на Стариот континент и оние на југот на Европа може да се припише токму на народот Јамнаја. Овчарите придонеле оние на северозапад да бидат повисоки од оние на југ.

Утврдена е и поврзаноста на генетското условување на ризикот од дијабетес тип 2 и Алцхајмерова болест со потеклото на ловците-собирачи од западниот дел на континентот. ДНК анализата на праисториските жители на Евроазија покажала дека толеранцијата на лактоза (способноста да се вари шеќерот во млекото) се појавила пред 6.000 години. Способноста да се преживее со исхрана богата со зеленчук се развила пред 5.900 години, на почетокот на неолитот.

Ексе Вилерслев од Универзитетот во Копенхаген истакна дека резултатите од истражувањето не се однесуваат на сите 5.000 анализирани гени. Според него, дополнителните анализи ќе откријат повеќе за аутизмот, шизофренијата, биполарното растројство и депресијата, пишува SWI swissinfo.ch.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе