АВСТРАЛИЈА ОПЕН 2022

Надал го налути, па Шаповалов го нападна судијата: Сите вие сте корумпирани

Кајгана/МИА
/ 25.01.2022 / 08:53

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Австралија Опен, откако утрово во драматичен меч го совлада Денис Шаповалов од Канада, со резултат од 3 : 2.

Жестока битка се водеше во мечот на четвртфиналето на Австралија Опен меѓу Денис Шаповалов и Рафаел Надал. Колку беше напнат мечот покажа и ситуацијата во која Канаѓанецот се побуни поради Шпанецот и неговото познато задржување на време во текот на сервис.

Првин му дофрлаше на Надал, па потоа и на судијата и тоа со навреди. Карлос Бернандеш имаше полни раце работа, особено затоа што Шаповалов во еден момент збесна и му порача дека е корумпиран.

„Мина скоро една минута, а тој и понатаму не е спремен да игра. Мора да го санкционираш тоа“, му рече Шаповалов на судијата.

„Види колку време му е потребно да се намести. Погледни колку долго време му треба, а јас бев спремен за сервис“, се пожали тој.

Судијата се налути и почна расправа со тенисерот, а тоа придонесе Шаповалов уште повеќе да збесне.

„Сите вие сте корумпирани“, изјави потоа тој.

URL

На крајот Надал пријде до мрежата и побара од Шаповалов да му објасни во што е проблемот.

Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2 : 0 (6 : 3 и 6 : 4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6 : 4 и 6 : 3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и победи со 6 : 3.

Надал по 36-ти пат ќе учествува во полуфинале на еден Грен слем турнир. Повеќе полуфиналиња од него имаат Новак Ѓоковиќ (42) и Роџер Федерер (46).

Remote video URL
реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе