ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Нагелсман: Не сум среќен што голот на Тотенхем го чува Лорис

Вечерва покрај Аталанта историја испишува и Лајпциг кој има предност од Лондон, а сега игра и пред својата публика.

„Секој од нас вечерва ќе одигра до своите крајни можности. Никој нема шанса често да игра против Спарс во осминафинале од Лигата на шампиони и притоа да е со шанса да мине во четвртфиналето“, вели стратегот на домаќините.

Јулиан Нагелсман уште пред првиот натпревар изјави дека Жозе Мурињо е негов идол. Успеа да го победи среде Лондон, а сега има убава можност и да го елиминира со оглед на тоа што португалскиот стратег е оној кој мора да брка негатива, а повторно ќе биде без главните напаѓачи Хари Кејн и Сон Хјон-мин.

„Не мислам многу на тоа какво ќе биде чувството да се елиминира Мурињо. Мислам на тоа колку убаво ќе биде да се исфрли Тотенхем. Како што кажав и претходно, јас не сум на исто ниво со Мурињо. Не сум сигурен дека во кариерата ќе успеам да освојам толку трофеи колку што има тој“, вели скромниот Нагелсман.

Неговиот Лајпциг важи за тим со добра одбрана на чие чело е унгарскиот голман Петер Гулачи.

„Секогаш е важно да се има добар голман. Кога два добри тима играат еден против друг тоа значи дека ќе има малку шанси за гол. Јас сум среќен што го имам Петер Гулачи, но и не сум среќен што Тотенхем го има Иго Лорис бидејќи тој е одличен голман“, рече 32-годишниот Германец.

Кај Лајпциг неизвесен е настапот на голгетерот Тимо Вернер, за кој Нагелсман вели дека сепак многу е веројатно дека ќе може да игра.

„Тимо завчера тренираше нормално. Ако сѐ оди по план, ќе стартува вечерва“, заврши Јулиан.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Read more

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Read more

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе

Крос: Судијата згреши, Баерн со право се бесни

Читај повеќе

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Нагелсман шокираше со составот за ЕУРО: Исфрли неколку великани

Читај повеќе

Жирона може да се радува: City Group се повлекува за клубот да игра ЛШ

Читај повеќе