Телевизиската серија „Grey's Anatomy“ сè уште има што да понуди. ABC објави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона.
„Station 19“, чија приказна се испреплетува со „Grey's Anatomy“, исто така, ќе се врати – со својата петта сезона.
– „Station 19“ и „Grey's Anatomy“ завршија одлична работа во чест на нашите херои од вистинскиот живот, раскажувајќи ѝ ја на публиката една од најголемите лекарски приказни во нашето време, соопшти претседателот на Hulu Originals и ABC, Крег Ервиќ.
Според продукцијата, „Grey's Anatomy“ била омилена меѓу населението на возраст од 18-49 години во телевизиската сезона 2020/2021.