Најавите за нов локдаун во Европа ги турнаa цените на нафтата

Цените на нафтата потонаа под 62 долари на меѓународните берзи денеска, под притисок на стравувањата дека новите локдаун мерки и бавната вакцинација на граѓаните против COVID-19 во Европа ќе го запрат обновувањето на побарувачката на енергија.

На лондонската берза цената на барелот потона за 2,69 долари во споредба со претходното затворање, на 61,93 долари. На американската берза, барел нафта се тргуваше за 2,47 долари пониско, на 59,06 долари.

Берзите се вознемирени од најавените локдаун мерки во Европа поради третиот бран на пандемијата и ширењето на новите варијанти на коронавирус. Германија, најголемиот потрошувач на нафта во Европа, одлучи да го продолжи локдаунот до 18 април, повикувајќи ги граѓаните да останат дома за да го запрат третиот бран на пандемијата.

Германската одлука беше проследена со едномесечна блокада во Франција, која зафати скоро третина од граѓаните од саботата, по скокот на бројот на новоинфицирани во Париз и некои региони на северот на земјата.

„Континентална Европа ги засилува мерките против коронавирусот и со тоа дополнително ја ограничува мобилноста. Ова веројатно ќе има соодветно негативно влијание врз побарувачката на нафта“, проценуваат аналитичарите на Commerzbank.

Цените ги турка и посилниот долар, бидејќи ја ослабува куповната моќ на имателите на други валути, а со тоа и побарувачката за нафта, чии цени се изразени во американски долари.

И структурата на пазарот сигнализира слабост, бидејќи цените во договорите за испорака следниот месец за прв пат од почетокот на годината беа пониски од оние во договорите за подолга испорака, што може да ги охрабри трговците да складираат нафта, посочува Reuters.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) утрово на својата веб-страница објави дека цената на барел од референтната корпа на нејзините членки во понеделникот изнесува 63,22 долари, што е за 75 центи повеќе од претходниот трговски ден.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе