Најдоброто од Рома во сезоната 2019/20 досега
„Римската волчица“ до моментот на прекин остана на 5. место и тоа како трет најефикасен тим во Калчото со 51 постигнат гол.
Босанскиот голгетер Един Џеко сезонава е најдобар стрелец на тимот со 12 постигнати голови, дупло повеќе од Александар Коларов и Хенрих Мхитарјан. Но, Ерменецот според просекот е подобар бидејќи шесте голови ги постигнал на само 13 натпревари.
На листата на асистенти води Лоренцо Пелегрини со 9 асистенции, пред Џеко со 6 и Коларов со 4.
Никој во тимот не ги одиграл сите 26 натпревари. Само по еден пропуштиле Џеко и голманот Пау Лопес, но Шпанецот ги одиграл целите 90 минути на сите натпревари.
Штом ќе продолжи сезоната Рома се надева дека ќе успее да ја престигне Аталанта која го држи 4. место, последното кое води во Лигата на шампиони. „Деа“ ѝ бега на „Волчицата“ 3 бода, но има и натпревар помалку.