Големиот дијамант наречен The Rock за прв пат е изложен денеска во Дубаи, пред аукцијата на која може да постигне цена до 30 милиони долари.

Скапоцениот камен во облик на круша е 228.31 карати, ископан во Јужноафриканска Република пред 20 години. Тоа е најголемиот бел дијамант даден на аукција, објавија од Christie's.
По изложбата во Дубаи, дијамантот ќе отпатува за Тајпеј, Њујорк и Женева, каде ќе биде даден на аукција.
„Блискиот Исток отсекогаш ги има ценето важните скапоцени камења, мислевме дека би било убаво да го лансираме дијамантот во област каде има толку големи колекционери на важни скапоцености“, изјави за SFP Рахул Кадаки од Кристис.
Тоа е најголемиот дијамант во облик на крушка. Претходниот безбоен дијамант достигна цена од 33.7 милиони долари.