НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ЗА ПЕРИОДОТ ОД 20 ДО 26 ЈУЛИ

Најнов извештај: 55,6% од новозаболените немале контакт со потврден случај на COVID-19

Институтот за јавно здравје денеска го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули во кој се евидентира намалување на бројот на новозаболени и починати лица од COVID-19,  а зголемување на бројот на оздравени во однос на претходната недела, соопшти Министерството за здравство.

Во дадениот период направени се вкупно 9.563 тестирања (1.402 повеќе од периодот од 13 до 19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на COVID-19, што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10 отсто од тестираните се позитивни на COVID-19.

Новозаболени се регистрирани во 29 градови, при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1 отсто благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 градови во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица на возраст од 50 до 59 години (22,3%), а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 40 до 49 и над 60 години – 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата на возраст до девет години – 2,6 отсто и од 10 до 19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=10.213)

Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=10.213)

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на COVID-19, а 21 лице (девет повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.

Графикон 3.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=10.213)

Во периодот од 20 до 26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20 отсто повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).

Графикон 4.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=466)

Во периодот од 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години (84,4%). Дваесет и девет од случаите се починати во болнички услови, а три вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети, стои во извештајот на Институтот за јавно здравје.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=10.213)

 

реклама

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе