Процесот на мрсење на косата е природна појава. Мастите спречуваат косата да се исуши и да стане кршлива. Но, многу луѓе ги вознемирува чувството и изгледот на мрсна коса, па користат најразлични средства за справување со оваа појава.
За да го спречите прекумерното мрсење на косата, може да ја подготвите оваа домашна маска за коса.
Потребни ви се следните состојки: сок од два лимона, жолчка од јајце и една лажичка арганово масло. Измешајте ги добро следните состојки и добро масирајте ја косата со маската. По 20 минути, измијте ја косата со шампон и млака вода.
Немојте пречесто да ја применувате маската, за да не ја исушите кожата на главата па да предизвикате првут.