НАСА ги избра трите компании кои ќе градат нови вселенски станици

Американската вселенска агенција НАСА избра три компании кои ќе добијат владини средства за развој на приватни вселенски компании.

Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА

Од вкупно 11 предлози, НАСА ги избра Blue Origin, Nanoracks LCC и Northrop Grumman, кои ќе добијат повеќе од 400 милиони американски долари федерално финансирање преку три посебни договори.

НАСА побара предлози во јули за нејзината програма Commercial Low Earth Orbit Development (CLD), која има за цел да го поддржи развојот на комерцијални вселенски станици. Тоа е дел од поголемиот план за замена на Меѓународната вселенска станица со комерцијални вселенски станици. Преку овој модел, НАСА би била клиент на комерцијалната вселенска индустрија, што би ѝ овозможило да ги намали трошоците и да се фокусира на истражување.

URL

Blue Origin ќе добие 130 милиони долари за развој на станицата Orbital Reef во соработка со Sierra Space, која претходно го произведе вселенското летало Dream Chaser. Blue Origin вели дека станицата ќе биде оперативна до втората половина на деценијата.

Nanoracks LCC доби 160 милиони долари за концептот за станицата Starlab. Станува збор за заеднички проект со Voyager Space и Lockheed Martin, а станицата е дизајнирана за четворица астронаути и ќе врши напредно биолошко истражување, истражување на материјали и друго. Лансирањето на оваа станица е планирано за 2027 година.

На Northrop Grumman му припаднаа 125,6 милиони за да развие комерцијална станица со користење на постоечки технологии, за да го испушти вселенското летало Cygnus, кое моментално се користи за транспорт на товар до МВС. Northrop соработува со Dynetics на концептот на модуларна вселенска станица, а во иднина на проектот ќе се приклучат уште некои партнери.

Axiom Space, компанија со седиште во Хјустон, доби средства во јануари 2020 година за да развие комерцијален модул што ќе биде додаток на МВС. Овојпат таа не доби никакви средства.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе