НАСА користеше ласер за да испрати порака од длабоката вселена

Американската вселенска агенција НАСА успешно го тестираше својот ласер во длабоката вселена.

На 14 ноември, НАСА прими ласерски сигнал испратен од инструмент лансиран на вселенското летало Psyche, кое моментално е на 10 милиони милји од Земјата и патува кон мистериозен метален астероид. Леталото е далеку од нашата планета повеќе од 40 пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Месечината и постојано се оддалечува.

Овој момент го означи првиот успешен тест на системот за оптички комуникации во длабоката вселена (Deep Space Optical Communications - DSOC) на НАСА, комуникациска врска од следната генерација која испраќа информации користејќи ласерска светлина наместо радио бранови. Ова е дел од серијата тестови кои НАСА ги спроведува за да ги забрза комуникациите во длабоката вселена во различни мисии.

Во други мисии, ласерските комуникации беа тестирани во орбитата на Земјата или на пат кон Месечината и назад, но DSOC претставуваше најтежок тест и на најдолго растојание досега. Астронаутите би можеле да користат ласери за да комуницираат со контролата на мисијата на Земјата за време на патувањата на Месечината и Марс во наредните децении.

Remote video URL

Тестот започна во Калифорнија во лабораторијата за млазен погон при  објектот Table Mountain. Во ридовите надвор од Лос Анџелес, инженерите вклучија ласер насочен кон вселенското летало Psyche, а околу 50 секунди подоцна, трансиверот на леталото го прими сигналот и потоа го испрати својот сигнал назад до опсерваторијата Паломар во близина на Сан Диего.

Оваа задача бара астрономска прецизност и автоматизиран систем за водење кој помага да се насочат ласерите на вселенското летало Psyche. Предностите на ласерот се големи бидејќи може да испраќа 10 до 100 пати повеќе информации по единица време во споредба со сегашните можности.

НАСА ќе продолжи да го тестира DSOC додека Psyche патува кон астероидот, кој се наоѓа во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер. Леталото треба да стигне до својата дестинација во 2029 година, а потоа да помине 29 месеци истражувајќи го бизарниот метален свет.

Тагови
реклама

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе