НАСА на астероид најде материјали како оние што можеби го поттикнале животот на Земјата

Кога во вторникот научниците го кренаа капакот на OSIRIS-REx - вселенско летало што неодамна го посети Бену, астероид кој може да се судри со Земјата во 2182 година - истражувачите открија нешто толку огромно, што буквално „воздивнале“ во „кутијата за научно богатство“ штотуку откриено внатре.

Овие цитати се преземени од објавата на X (поранешен Twitter) од одделот за Истражување и на астроматеријали и истражувачка наука (АРЕС) на НАСА, кој се наоѓа во вселенскиот центар „Џонсон“. Научниците беа воодушевени од содржината на OSIRIS-REx бидејќи леталото штотуку го заврши едногодишното патување до вселенската карпа позната како Бену.

Астероидот богат со јаглерод е на траекторија што го става во близина на земјината орбита, и навистина има 0,037% шанси да удри во Земјата во 2182 година. Тоа на научниците им дава добра причина да научат повеќе за составот на Бену, во случај да стане неопходно да треба да се заштити Земјата од парчето карпа со големина на Емпаер Стејт Билдинг. Ако Бену се судри со Земјата, ќе ослободи 1.200 мегатони енергија или 24 пати повеќе од најмоќното нуклеарно оружје направено досега.

Сепак, постои дополнителна причина научниците да обрнат внимание на Бену - имено, дека астероидите богати со јаглерод како Бену можеби играле улога во предизвикувањето живот на оваа планета.

„Сметаме дека објектите како Бену можеби ја направиле Земјата животопогодна“, изјави Данте Лаурета, главен истражувач на OSIRIS-REx и професор по планетарна наука и космохемија на Универзитетот во Аризона, за The Wall Street Journal. „Тие можеби ја испорачале океанската вода, молекулите што се во нашата атмосфера, а можеби дури и органските материјали што го поттикнале потеклото на животот на нашата планета“.

Ова помага да се објасни зошто научниците воздивнале кога се отворил капакот за OSIRIS-REx. Кога го направиле тоа, „ризницата“ што ја пронашле внатре може да им обезбеди на научниците обемни материјали во истражувањето на клучните прашања за потеклото на животот на Земјата. Богатството вклучува „темен прав и честички со големина на песок од внатрешната страна на капакот и основата“, а сето тоа претходно лежело на карпестата површина на Бену. Фигуративно, овие примероци се само врвот на ледениот брег; ќе бидат потребни недели внимателно да го расклопат OSIRIS-REx за да можат научниците да стигнат до поголемите делови од карпите земени директно од астероидот со нивното вселенско летало. Тој примерок ќе му биде откриен на светот во специјално емитување на 11 октомври.

„Постои многу високо ниво на фокус од тимот - примерокот ќе биде откриен со неверојатна количина на прецизност за да се приспособи деликатното отстранување на хардверот за да не дојде во контакт со примерокот внатре“, објаснија претставниците на Вселенскиот центар „Џонсон“ во соопштение.

„'Џонсон' ја чува најголемата колекција на астроматеријали во светот, а експертите за чување таму ќе го изведат сложеното расклопување на механизмот за собирање примероци Touch and Go (TAGSAM) за да се спуштат до најголемиот примерок внатре“, се елаборира во соопштението. „Овие операции ќе бидат направени во нова лабораторија дизајнирана специјално за мисијата OSIRIS-REx.

Додека научниците немаа шанса да ја проучат површината на Бену со опрема поврзана со Земјата, патувањето на OSIRIS-REx до Бену беше доволно за да знаат да очекуваат изненадувања. Иако истражувачите веруваа дека Бену има мазна површина, тие беа шокирани кога по пристигнувањето во 2018 година, наместо тоа, открија „пеколен пејзаж од камења“. Како што подоцна Лаурета изјави за Space.com: „Кога го дизајниравме вселенското летало, имавме точност на таргетирање на дизајнот [за слетување] од околу 50 метри [164 стапки]. Термичките својства, исто така и радарските својства [на Бену] навистина изгледаа како мазна површина. Така, кога првпат видов [дека површината е сосема поинаква], навистина помислив дека можеби ќе имаме неволја таму“.

За среќа, пристигна помош од Брајан Меј, гитаристот на „Queen“, кој има докторат по астрономија и е специјализиран за стереоскопско снимање, кое имитира како човечките очи го перцепираат околниот простор во три димензии. Иако OSIRIS-REx немаше стерео камера, Меј користел слики од различни точки од површината на Бену, направени под различни агли и ги обработил за 3D гледање. Ова му овозможи на тимот на OSIRIS-REx да го спушти своето возило во кратер кој беше соодветно мазен.

„Откако ќе имате стерео слика на таа конкретна потенцијална локација за слетување, навистина можете да ја донесете таа инстинктивна пресуда за тоа дали работите ќе функционираат“, изјави Меј за Space.com во претходното интервју. „Гледате дека го има овој камен, колкава е падината, колку е опасно да се качите и да се симнете“.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе