Научници работат на „вештачко Сонце“ вредно 20 милијарди евра

Четиринаесет години откако добија зелено светло за проектот, група научници со седиште во Франција вчера почнаа да работат на уред што треба да покаже дали нуклеарната фузија, која е извор на енергија на Сонцето, може да биде безбеден и одржлив извор на енергија на Земјата.

„Уредот ИТЕР ќе биде составен од речиси еден милион компоненти, а првите експерименти треба да почнат во декември 2025 година. Фузијата обезбедува чиста и сигурна енергија без јаглерод“, се вели во соопштението од 35 земји потписнички на проектот.

Како што многумина ја нарекуваат – „Најголемата сложувалка на светот“ ќе се составува во малата општина Сен Пол-лес Дуранс во Јужна Франција, од научници од целиот свет. Групата ИТЕР се состои од 27-те членки на Европската Унија плус Швајцарија, Обединетото Кралство, Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Русија и САД.

Но, ова „вештачко Сонце“ е критикувано од некои еколози. Тие тоа го гледаат како научна илузија без гаранција дека ќе даде резултати и оти сѐ ова ќе биде „финансиска бездна“, како што коментираат од Greenpeace.

„Фузијата е безбедна, користи мали количества гориво и нема физичка можност за несреќи. Горивото за фузијата може да се најде во морската вода и во литиумот, што значи дека има доволно извори за следните неколку милиони години“, се истакнува во извештајот.

Според научниците, реакторот би можел да ја достигне својата полна моќ во 2035 година.

Потфатот почнува по пет години одлагање. Буџетот за проектот денес изнесува речиси 20 милијарди евра, трипати повеќе отколку што беше првично предвидено.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Наука

Снимки стари 30 години ја откриваат мистеријата на Венера

Read more

Зошто одеднаш има толку многу вируси?

Read more

Девет најимпресивни кратери на Земјата

Read more

Дали машките парови ќе можат да имаат деца во иднина?

Read more
 

Гик

Google отвори својот четбот со вештачка интелигенција

Читај повеќе

Ново истражување за магичното дејство на пијалакот ајауаска

Читај повеќе

Среќен роденден Twitter: Што пишува во првиот твит објавен пред точно 17 години?

Читај повеќе

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Читај повеќе

Зошто светот не мрда со прст да се спаси од климатските промени?

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботска ајкула од Темза дневно собира по 21 илјада шишиња

Читај повеќе

Како најдобро да се заштитите кога купувате онлајн?

Читај повеќе

Нови докази за мајката на Да Винчи - била робинка од Источна Европа?

Читај повеќе

На Земјата ѝ се заканува фосфогедон - што е тоа?

Читај повеќе