Научници точно одредија колку долго треба да се уринира

Повеќето од нас не размислуваат многу за тоа колку долго време поминуваме во веце, но голем дел од здравствените експерти сметаат дека би требало да се придржуваме до „правилото 20 секунди“. Имено, тим физичари од Georgia Tech откри дека поголемиот дел од цицачите тешки над 3 килограми го празнат мочниот меур за 21 секунда.

Истражувачите тврдат дека  всушност тој временски интервал може да биде корисна алатка за луѓето при пратењето на навиките на мочниот меур. Медицинската сестра Џенис Милер објасни дека доколку уринирате подолго или пократко од 20 секунди, тогаш или ја задржувате урината предолго, или пречесто одите во тоалет.

Што значи „правилото 20 секунди“?

Правилото од 20 секунди се базира на истражувањата направени од група студенти по машинско инженерство од Georgia Tech. Студентите работеле на проект за пронаоѓање подобар дизајн за водокула. За да го проучат поедноставниот облик на динамиката на течностите, посетиле зоолошка градина и броеле колку време им е потребно на животните да уринираат. Откриле дека на речиси сите цицачи, од слонови до зајаци, им требаат во просек 21 секунда за да го испразнат мочниот меур. Потребна е околу една чаша (240 мл) урина за да се испразни човечкиот мочен меур. Тоа значи дека ако пиете околу 8 чаши вода дневно, треба да уринирате и 8 пати на ден, вели д-р мед. Никол Ајзенбраун, уролог од Флорида, Well+Good.

Чудно или не, истражувањето во зоолошката градина обезбедува лесни за следење упатства за здравјето на мочниот меур. Ако вашиот мочен меур е доволно полн, ќе бидат потребни приближно 21 секунда за да се испразни.

Д-р Милер предлага заокружување на 20 секунди поради едноставност, за да видите каде се наоѓате на спректрумот. Ако востановите дека скоро секогаш уринирате значително пократко или значително подолго од 20 секунди, размислете за своите навики поврзани со уринирањето. Пиете премногу или премалку вода? Одите ли доволно често во веце во текот на денот? Или го користите тоалетот повеќе отколку што е потребно бидејќи тоа е единственото приватно место во вашиот дом? Вашите одговори можат да ви помогнат да ги промените вашите навики.

Зошто навиките поврзани со мочниот меур важни?

Имено, човечкиот мочен меур се полни, а кога ќе почне да се дуе како балон испраќа сигнали до мозокот дека притисокот станува голем, објаснува фезиотерапевтката Хеба Шанд. Меѓутоа, нашиот мозок разговара со мочниот меур и неретко му вели дека „сега не е добро време, затвори се“. Кога ќе дојде тоа добро време, односно кога сте во тоалет, мозокот дозволува отворање на уретралниот сфинктер. Но, таа комуникација помеѓу мозокот и мочниот меур може да се поремети ако уринирате пречесто или преретко.

На пример, ако сте карактер кој често оди или заборава да отиде во тоалет, можно е вашето уринирање да трае и по 40 секунди. Имено, вашиот мозок се навикнал да ги игнорира сигналите на мочниот меур од типот „полн сум“, а преголемото напрегање на мочниот меур кај вас станало навика.

Доктрор Ајзенбраун ова стање го нарекува „меур медицинска сестра“ или „меур учител“ бидејќи е честа појава кај тие професии. Имено, учителите и медицинските сестри не можат туку така да ја напуштат училницата или просторијата и поради тоа одењето во тоалет намерно го одложуваат. Со тек на време хроничното преклумерно затворање на мочниот меур ќе предизвика престанок на правилното функционирање, вели д-р Ајзербаум.

„Вашпиот мочен меур ќе стане само малку поголем, потоа уште малку, поголем, и уште малку. По година дена мускулите од мочниот меур ќе ја загубат способноста за растегнување и на крајот ќе престанат нормално да работат“, вели тој.

Се разбира, може да се случи и спротивното. Ако го користите тоалетот премногу често, може да уринирате почесто отколку што е потребно. Ова го тренира вашиот мочен меур да му каже на вашиот мозок дека е полн кога не е, вели д-р Милер. Како резултат на тоа, може да развиете хиперактивен мочен меур, кој вклучува силна потреба да одите во тоалет, дури и кога не испуштате многу течност.

Лекарите може да препишат лекови за хиперактивен мочен меур, но тие исто така може да предложат вежбање за повторно да ја извежбате комуникацијата помеѓу мозокот и мочниот меур.

Накратко: правилото од 20 секунди ви помага да ги идентификувате навиките за да можете да направите промени за да го подобрите вашето здравје.

Тагови
реклама

Руска докторка открива која храна е „гориво за канцер“ по 40-тата година

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Снег во Шведска - 118 години тоа не се случило во овој период од годината

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Вести

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Read more

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Read more

Најголемата соларна термална платформа во Европа никна во Белгија

Read more

Во САД се отвора првата фабрика за производство на хуманоидни роботи

Read more
 

Гик

Робот ќе пребарува објекти што горат и ќе наоѓа луѓе што треба да се спасат

Читај повеќе
  • filter

Xiaomi ги претстави Redmi Note 13, 13 Pro и 13 Pro+

Читај повеќе

Дали црните дупки се зголемуваат како што универзумот се шири ?

Читај повеќе
  • play_arrow

Што ако НАСА воопшто не постоеше?

Читај повеќе

Xiaomi Redmi Note 13 Pro ќе има невообичаено висок капацитет на меморија и брзина на полнење

Читај повеќе

Каква црвена боја се користи низ Европа?

Читај повеќе

Facebook го смени логото, ја забележувате ли разликата?

Читај повеќе

Најголемата соларна термална платформа во Европа никна во Белгија

Читај повеќе
  • filter

Археолог случајно ја откри најстарата дрвена градба, направена пред 500.000 години

Читај повеќе