Науката сè повеќе води кон докази за живот во вселената: Прашање на време е кога ќе се потврди

Како што истражувањето напредуваше и доведе до различни откритија во речиси сите сфери на животот, научниците дојдоа и до нови сознанија поврзани со животот надвор од Земјата. Затоа, тоа веќе не се доведува во полемика, сега се поставува прашањето: кога ќе најдеме живот надвор од нашиот Универзум?

Многумина се оптимисти за откривање знаци на живот во далечен свет, надвор од нашиот; па некои прогнози велат дека тоа би можело да биде откриено веќе во следните неколку години.

И еден научник, кој ја води мисијата до Јупитер, оди дотаму што вели дека би било „изненадувачки“ да нема живот на една од ледените месечини на планетата.

Вселенскиот телескоп James Webb неодамна сними снимки кои јасно укажуваат на живот на планета надвор од нашиот Сончев Систем. Бројните мисии кои се во тек или допрва треба да започнат, означуваат нова вселенска трка за најголемото научно откритие на сите времиња.

„Живееме во бесконечен универзум, со бесконечни ѕвезди и планети. И за многумина од нас беше очигледно дека не можеме да бидеме единствениот интелигентен живот таму“, вели професорката Кетрин Хејманс, астроном Кралската Шкотска.

Таа потоа додава дека денес имаме технологија и способност да одговориме на прашањето дали сме сами во вселената, што некогаш изгледаше недостижно.

Животопогоден појас

Телескопите сега можат да ги анализираат атмосферите на планетите кои орбитираат околу далечните ѕвезди, барајќи хемикалии кои - барем на Земјата - можат да бидат произведени само од живи организми.

Првото навестување за такво откритие дојде на почетокот на овој месец. Можен знак за гас произведен на Земјата од едноставни морски организми е откриен во атмосферата на планетата наречена K2-18b, која е оддалечена 120 светлосни години.

Планетата се наоѓа во она што астрономите го нарекуваат Животопогоден појас - точното растојание од нејзината ѕвезда за температурата на површината да не биде ниту премногу жешка ниту премногу студена, туку точно да има течна вода, која е неопходна за одржување на живот.

Тимот очекува за една година да знае дали таквите навестувања се потврдени или исчезнале. Ако, случајно, навестувањата се потврдат, тоа радикално би го променило начинот на кој размислуваме за потрагата по живот надвор од нашиот свет.

„Ако се најдат знаци на живот на првата планета што ја проучуваме, тоа ќе ја зголеми можноста дека животот е вообичаен во универзумот“, вели професорот Нико Мадхусудан од Институтот за астрономија при Универзитетот во Кембриџ.

Неговите предвидувања се дека во рок од пет години ќе има голема трансформација во нашето разбирање на животот во вселената.

Од друга страна, телескопите како James Webb имаат свои недостатоци. Имено, не би можеле да откријат планети толку мали како Земјата. Поради ова, НАСА планира да основа нова опсерваторија.

За сето ова и на крајот на краиштата колку е напредна науката зборува следново: Пред 30 години немавме докази дека планетите се вртат околу други ѕвезди. Сега откриени се повеќе од 5 илјади кои астрономите и астробиолозите можат да учат со невидени детали.

„Ако најдеме знаци на живот, тоа ќе биде револуција во науката и ќе биде огромна промена во начинот на кој човештвото гледа на себе и на своето место во универзумот“, вели Субхаџит Саркер од Универзитетот во Кардиф, пишува BBC.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе