На стадионите во Хрватска наскоро пак ќе има публика, најави директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје Крунослав Чапак.
„Од 12 или 14 јуни ќе почнат натпревари со гледачи, на отворено. Секако, во епидемиолошката рамка што ќе ја објавиме“, рече тој во гостување во емисијата Dobro jutro Hrvatska.
Првите натпревари од полуфиналето од Купот на Хрватска и 27. коло од 1.ХНЛ се одиграа пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус.
Последните натпревари без публика би требало да се одржат во четврток (Истра - Хајдук и Интер - Горица), и можеби во петок, во зависност од тоа дали враќањето на публиката на стадионите ќе биде одобрено на 12 или на 14 јуни.