Американската актерка Џеки Хофман го привлече вниманието на јавноста со својата реакција за време на доделувањето на Еми наградите.
Имено, откако беше изговорено името Лори Дерм при читањето на добитниците на наградата за најдобра споредна женска улога во телевизиска драма, актерката бесно реагираше.
„По ѓаволите, по ѓаволите“, изговори актерката ударајќи бесно по седиштето пред себе. И овде не застана, својот бес и незадоволство го искажа и на социјалните мрежи.
Хофман беше номинирана за улогата слугинка во филмот „Feud: Bette and Joan“, во кој станува збор за ривалството меѓу актерките Џоан Крофорд и Бет Дејвис, поради што многумина на социјалните мрежи помислиле дека нејзината реакција била само глума.