ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Не е само Шкринијар: Кои играчи може да си заминат од Интер?

Столбот на одбраната на „Нераѕурите“ се очекува до крајот на неделава да премине во ПСЖ, но и други играчи се очекува да го следат примерот на словачкиот репрезентативец.

Интер мора да продаде еден од своите најдобри играчи за да може да носи нови засилувања, а клучниот датум за продажбата е последниот ден од тековниов месец - 30 јуни. Тоа е така бидејќи токму на овој датум завршува финансиската година. Во моментов централниот дефанзивец Милан Шкринијар е најголем кандидат за заминување со добра отштета.

Информациите велат дека Интер ја одбил понудата на ПСЖ од 60 милиони евра плус Јулиан Дракслер бидејќи сака само кеш, односно не помалку од 70 милиони. За деновиве закажан е нов состанок помеѓу двете страни кога и конечно треба да се договорат за трансферот.

Но, Шкринијар нема да биде единствениот кој ќе си замине. На излезната врата од „Меаца“ се уште неколкумина играчи почнувајќи од оние со големи плати како Чилеанците Алексис Санчес и Артуро Видал. И двајцата имаат договор до 2023 година, но постои опција Интер да им плати 4 милиони за да им го раскине договорот една година порано - со што сепак ќе биде во ќар. Наскоро клубот ќе има состанок во Фернандо Фелисевич, нивниот агент, со кого ќе се обиде и таа сума да ја намали.

Што поскоро се очекува Себастиан Еспозито да потпише со Андерлехт, најпрво како позајмен со опција за откуп за 10 милиони евра. Монца откако го доведе Андреа Ранокиа сега е во преговори со Лоренцо Пирола и Стефано Сенси, а се интересира и за Андреа Пинамонти. Сенси сепак можно е да заврши во подобар клуб бидејќи за неговите услуги заинтересирани се и Аталанта и Фиорентина.

На излезна врата е и младиот Лусјан Агуме и голманот Јонуц Раду, кои би требало да завршат во изненадувачкиот повратник во Серија А - Кремонезе. Од позајмици се вратија Далберт и Валентино Лазаро, но тие не се во плановите на Симоне Инѕаги, па Интер е подготвен да слушне било какви понуди за нив двајца.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе