Неизвесна судбината на лендерот Schiaparelli – се чека сигнал од Марс

Сѐ уште нема вести околу судбината на лендерот Schiaparelli што требаше денеска попладне да се спушти на површината на Марс, но контактот е изгубен во последниот момент пред предвиденото време, објави Европската вселенска агенција (ЕСА).

Што се однесува до три тони тешката сонда „Trace Gas Orbiter" (TGO), работите поминале во најдобар ред, тврди ЕСА. Вселенското летало се наоѓа во очекуваната орбита и нормално функционира.

За Schiaparelli, модулот што требаше да слета на Марс, работите не стојат најдобро. Сигналот што од лендерот пристигаше цело време додека се движеше низ атмосферата на Марс, изгубен е пред да слета на неговата површина. Тоа е потврдено со радиотелескопско следење од Земјата, а потврдата стигна и од вселенското летало Mars Express, која го следеше спуштањето од орбита.

„Имаме мисија околу Марс“, соопшти ЕСА, додавајќи дека судбината на ‘лендерот’ би можела да се дознае во четврток.

Лендерот Schiaparelli, тежок 577 килограми, требаше да слета на Марс по ризичното шестминутно спуштање на површината на планетата, при што беше користен падобран и потисници со цел да се намали брзината од речиси 21.000 километар на час.
  
„Мораме малку да причекаме да видиме што се случи со експерименталниот лендер. Но, за оваа мисија веќе сега може да се каже дека е успешна“, рече Јан Ворнер, прв човек на ЕСА во Центарот за вселенски операции на ЕСА во Дармштад во Германија.

Руската ракета-носач од типот Протон со сондата за испитување на траги од гас на марс и модулот за спуштање Schiaparelli успешно беа лансирани пред седум месеци од космодромот Бајконур во Казахстан. Европа и Русија тогаш ја започна новата авантура на Марс, во обид на Црвената планета да спуштат лендер и со посебна сонда да ги анализираат гасовите во атмосферата на ова планета, во потрага по некаков облик на живот.

Мисијата ExoMars ја сочинуваат сондата „Trace Gas Orbiter" (TGO) и модулот за „влез, спуштање и атерирање“(EDM), кој имењто го добил по Џовани Счиапарели, италијански астроном од 19 век.

По седуммесечно патување и поминати 496 милиони километри, контролорите на мисијата го одвоија EDM од сондата во недела во 16 часот и 40 минути по средноевропско време.

Единствена цел на Schiaparelli, кој заради ограничениот капацитет на батериите би требало само неколку дена да го истражува тлото и околината на Марс, е да го трасира патот за спуштање на нов ровер кој ќе го истражува Марс во потрага за вонземен живот. ExoMars роверот би требало да биде лансиран во 2020 година.

Ова е вторпат Европа да трга во освојување на Марс. Во 2003 година европската сонда Mars Express го спушти мини-лендерот Beagle2, британски дизајн, но тој никогаш не прати сигнал. Од 2015 година е познато дека Beagle 2 навистина се спуштил на Марс, но бил оштетен.

Доколку на Марс постои живот, не е веројатно дека ќе биде пронајден на површината бомбардирана од ултравиолетови и вселенски зраци. Но, трагите на метан во ретката атмосфера на Марс можат да бидат показател дека нешто се ‘готви’ длабоко под површината, појаснуваат научниците. Бидејќи метанот не може долго да ги преживее ултравиолетовите зраци, научниците веруваат дека нешто мора да го испушта.

„Нешто мора да го произведува метанот“, тврдат научниците додавајќи дека еден од можните извори се вулканите. Вториот извор на метанот е живот: едноклеточните микроби метаногени, кои на Земјата живеат на места без кислород, како во стомаците на животните, каде што јаглерод диоксидот го претвораат во метан.

Научниците се надеваат дека ExoMars роверот, опремен за дупчење два метра под површината, би можел да понуди некои индиции за потеклото на метанот на Марс. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе