Неколку трикови за ослободување од лошиот здив од лукот

Здравствените придобивки од секојдневното консумирање лук се немерливи, но јадењето непреработен лук предизвикува непријатен од устата да излегува непријатен здив.

Лукот се смета за најдобар природен лек против вируси и настинки, а неговите лековити состојки се познати уште од дамнина. Препораките за секојдневно користење се особено актуелни во зима кога вирусите демнат насекаде.

Подолу ви претставуваме три совети кои беа поддржани од истражувањето на научниците од американскиот државен универзитет во Охајо:

Сирово јаболко

Јаболката содржат ензим кој на овошјето му дава потемна боја доколку долго се задржува во воздухот, но делува и како природен дезодоранс кој успешно го отстранува непријатниот мирис на лукот бидејќи ги неутрализира сулфитите.

Ако сакате да јадете лук поради неговите здрави својства, но сепак го избегнувате поради непријатниот мирис што го остава. Штотуку најдовте решение и отсега можете слободно да ја јадете оваа омилената намирница.

Сок од лимон

Уште една состојка која го неутрализира непријатниот мирис кој останува по консумирањето лук, е сокот од лимон. Посебно е делотворен ако сте јаделе толчен лук.

Имено, киселината во сокот од лимон го неутрализира ензимот алииназа кој се наоѓа во сировиот лук и кој е еден од причинителите на непријатниот мирис. Дали сакате да јадете свеж лук? Тогаш не заборавајте да испиете чаша сок од лимон откако ќе ја консумирате оваа здрава намирница.

Зелен чај

Зелениот чај има многу висока содржина на антиоксиданси наречени полифеноли. Како и кај ензимите во јаболкото, полифенолите се растителни хемикалии кои помагаат да се неутрализираат сулфурните соединенија што ги ослободува лукот.

Испијте топла шолја зелен чај по консумирање лук. Топлиот пијалак ќе го измие маслото од лукот што останало на јазикот или забите и ќе помогне да се освежи усната шуплина.

Се разбира, сите овие совети се одлични, но ако не сте сигурни за ефикасноста на овие намирници, тогаш користете лук преработен со храна. Термички обработениот лук има многу поблаг мирис и вкус.

реклама

Кинеското разузнавање го разоткри Израел: Мосад ја оркестрирал мигрантската криза во Шпанија како одмазда

Read more

Чорба вендинг машина

Read more

Руски дронови нападнаа германски товарен брод во Црното Море

Read more

Тајните на ФБИ од СП го шокираа светот: Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со 4 бомби

Read more

Живот

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Read more

Нутриционистите особено препорачуваат боровинки во лето

Read more

Како да се намали стравот од возење кај кучињата?

Read more

Тивок убиец на собните растенија: Најчестата грешка за која сте ни свесни

Read more

Магазин

Како правилно да замрзнете малини за да нема мраз на нив?

Читај повеќе

Мислите дека пиете доволно вода? Знаци на дехидратација што многумина ги мешаат со замор

Читај повеќе

Чорба вендинг машина

Читај повеќе

Зошто на некои луѓе им треба повеќе сон од другите?

Читај повеќе

Клучни хранливи материи за посилни зглобови и зачувување на 'рскавицата

Читај повеќе
  • play_arrow

Оргулите во Халберштат ќе го свират истото дело до 2640 година

Читај повеќе

Рецепт за домашен сладолед Nirvana: Кремаст, полн со карамела и крцкави печени лешници

Читај повеќе

Шахтите ги избрусија, уште знамето остана да им пречи

Читај повеќе

Храна и пијалаци што не треба да се консумираат ако земате магнезиум

Читај повеќе