Немаше план за насилство на седницата на 27 април, тврдат дел од пратеници од претходниот собраниски состав

Не постоеше план за насилство на конститутивната седница на 27 април 2017 година, сведочеа денеска дел од пратениците кои се повикани од страна на одбраната на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Сегашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој и во претходниот собраниски состав ја имаше истата функција, пред судот изјави дека ниту некој информирал за некаков план, ниту за тоа се разговарало на координација во Собранието.

–  Ниту имавме некоја информација, ниту некој на координација информирал за некаков план. Напротив, на многуте координации во тој момент ни се укажуваше да внимаваме на било каква било вербална или друга провокација, рече Мицевски.

И пратеникот Панчо Минов истакна дека немал сознание за каков било план за загрозување на уставниот поредок во државата.

Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, кој исто така беше повикан како сведок на одбраната, рече дека Вељаноски не го прекршил Деловникот за работа на Собранието.

На денешното рочиште сведочат неколку пратеници од претходниот собраниски состав кои се викнати од страна на одбраната на Трајко Вељаноски.

На последното рочиште на 26 август, на предлог на Вељаноски, беше презентиран видеозапис од продолжението на конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе