Немој да се вртиш, те молам
Во емисија во живо можат да се случат разни непријатни настани, особено ако како гости имате гуштери и змии. Новинарот Терел Браун доживеа еден таков момент.
Смешниот момент се случува кога Терел ја држи змијата со двете раце, а таа со главата почнува да се движи кон неговото лице. Во тој момент новинарот испушта смешен исплашен звук, молејќи ја змијата да биде што подалеку од неговото лице.